Oпштинско oсновно училиште

Браќа Рамиз - Хамид

ЗА ООУ „БРАЌА РАМИЗ-ХАМИД“

ОУ,,Браќа Рамиз Хамид,,- Скопје, е урбано училиште сместено во Општина Шуто Оризари, на улица ,,Че Гевара” бр:80. Училшната зграда е изградена во 1979 година со доградба во 2013 год. и е наменска градба која ги задоволува потребите на учениците од општината. Затоплувањето на училиштето е со сопствено парно греење на течно гориво. Наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Во училиштето се работи во две смени. Во цетралното училиште припаѓа и подрачното училиште во село Горно Оризари, каде наставата се одвива исто така на македонски јазик, во две смени. Училишната зграда во Горно Оризари е во добра состојба и може целосно да ги задоволи потребите за одвивање на наставата. Има дворно место озеленето и облагородено.

Наставата ја изведуваат наставници со соодветна стручна подготовка која одговара на потребите за воспитно-образовната дејност во училиштето.

За успешна и квалитетна настава придонесуваат и другите вработени во училиштето: директор, заменик директор, педагог, психолог, дефектолог, секретар, библиотекари, домаќин, хаус – мајстор и хигиеничари.

Наставата која се одвива во ОУ„Браќа Рамиз Хамид“ е утврдена со новите Наставни планови и Програми согласно Решението од МОН со сите измени и дополнувања. Таа ги опфаќа: задолжителните предмети и изборните предмети кои учениците ги бираат за таа година и нивната оценка влегува во средниот успех на ученикот..

ОУ,,Браќа Рамиз Хамид,, соработува со институции и невладини организации како на пример: МОН, БРО, МЦГО, Unicef, USAID, ,,.Надеж” , ,,Хера”, “Умбрела”, “Црвен Крст”, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби, Факултетот за туризам и менаџмент – Скопје, Ромскиот ресурсен центар, “Поликлиника Шуто Оризари” , “Поликлиника Чаир” , ЈЗО “Завод за Здравствена заштита, “Центар за социјална работа” , “Завод за ментално здравје и психолошко советување”, основните училишта на ниво на општината и пошироко, средното училиште СУГС ”Шаип Јусуф” ,СОС “Детско село”, “Полициска станица - Бутел” и тн..