Oпштинско oсновно училиште

Браќа Рамиз - Хамид

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БРАЌА РАМИЗ – ХАМИД“ – ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ ЗАПИШУВА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани родители, драги наши ученици,
Ве известуваме дека оваа година уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба, поради светската пандемија од вирусот COVID-19.

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на клендарската 2020 ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 Јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мислење од педагогот и психологот во училиштето.

Уписот започнува на 01.06.2020 година

Прво, потребно е да ја пополните следнава пријава ПРИЈАВА (КЛИКНИ ОВДЕ)

Откога ќе ја пополните потребно е да ја пратите на следниов мејл: prvacinjaooubrh@gmail.com

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ОТКОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ

(Сите документи ќе можете да ги достаите во педагошко-психолошката служба, откако ќе се создадат услови за тоа, за што ќе бидете благовремено известени. Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да правиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе).

Лична карта на родител (фотокопија); Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија); Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежни здравствени институции (останува во училиште); Потврда од стоматолошки преглед издаден од здравствена установа (останува во училиште).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Контакт
  • Улица „Че Гевара“ бб, општина Шуто Оризари - Скопје
  • 02 265 4040
  • oubrh@t.mk