Oпштинско oсновно училиште

Браќа Рамиз - Хамид

Упис на првачиња во учебната 2021/2022 година

Упис на првачиња

Почитувани родители!

Ве известуваме дека ООУ,,Браќа Рамиз – Хамид“ , Шуто Оризари, врши упис на првачиња за учебната 2021/22 година.
Во основното училиште се запишуваат сите деца родени 2015 или до 31.01.2016 година. Детето родено до 31.01.2016 година, може да се запише по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од Комисијата за упис на првачиња. Уписите ќе се вршат во текот на месец мај секој работен ден од 10:00 до 13:00 часот.

Потребни документи:

  1. Лична карта од родителот (на увид)
  2. Извод од матична книга на родените (фотокопија)
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини
  4. Потврда од стоматолошки преглед (заболекар)
  5. Потврда од офтамолошки преглед (очен лекар)

Напомена : Покрај физичкото доставување на потребната документација за упис, документите може да се достават и по електронски пат. Доколку родителот не достави потврди за извршени офтамолошки и стоматолошки прегледи потребно е да достави упат за истите. Потврдите од офтамолошкиот и стоматолошкиот преглед дадена е можноста да се достават подоцна , но не подоцна пред започнување на учебната 2021/22 година. Потврдите треба да се издадени од надлежна здравствена установа.

Среќно првачиња!

Комисија за упис во прво одделение
в.д директор
Алвин Салимовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Контакт
  • Улица „Че Гевара“ бб, општина Шуто Оризари - Скопје
  • 02 265 4040
  • oubrh@t.mk

Upcoming Events